Книгата „Чудесна Македонија“ е во голем формат, со околу 530 страници и над 700 фотографии. Изданието ја претставува Македонија преку 100 места, планини, села, археолошки локалитети, цркви, џамии, скриени водопади, пештери, села и планински врвови.
– Освен овие две луксузни книги добивме и книги донација од Владата на РМ, стручна литература од областа на медицина, право, филозофија. Сакам да напоменам и дека комплетно ги обновивме лектирните изданија за основно и средно образование, односно од секоја лектира има повеќе примероци, па на тој начин учениците можеме да ги услужиме со лектири во секој момент, вели директорката на охридската библиотека, Александра Белевска.
Во НУ библиотека “Григор Прличев“од овој месец можат да се најдат и нови 40 наслови, најнови романи, меѓу кои- “Мајката на оризот“ од Рани Маника, “Смрт во Венеција“ од Томас Ман, “Книга за разбирањето“ од Ошо, “Светецот сурферот и директорот“ од Робин Шарма и многу други.
Директорката Белевска напоменува дека со реализација на проектот за набавка на книги, одобрен од министерството за култура, и понатака редовно ќе се збогатува книжниот фонд на библиотеката.