Од Министерството за образование и наука информираат дека по сместувањето на студентите согласно Конкурсот во првиот предвиден рок, во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Македонија, останаа непополнети места .
Во студентскиот дом „ Никола Карев“ слободни места има уште 40. Годинава, во домот имаше вкупно 231 слободно легло. 46 беа наменети за студенти во прва година, а 185 за студенти од втора, трета, четврта, петта, шеста година и апсолвенти.
Со цел пополнување на преостанатите слободни места, повторно продолжува електронското пријавување на заинтересираните се до пополнување на местата, најдоцна до 22.09.2014 година. На Конкурсот за прием на студенти во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Македонија за студиската 2014/2015 година имаат право да конкурираат сите студенти кои сакат да го остварат правото на сместување во студентски домови.
Кандидатите нема да бидат рангирани ако доставената документација е: -некомплетна и -ненавремено доставена. Кандидатите нема да бидат рангирани ако Комисијата утврди дека податоците кои се внесени во електронската пријава не се идентични со податоците од доставената документација.
Комисиите за прием на студенти во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Македонија за студиската 2014/2015 година, еднаш неделно ќе објавуваат списоци со студенти на кои им се одобрува легло во студентски дом и број на преостанати слободни места во студентските домови. Списоците ќе се објавуваат на интернет порталот www.smestuvanje.mon.gov.mk
Приговор по резултатите се доставува во рок од 3 дена од денот на објавувањето на резултатите.
Студентот се вселува во студентскиот дом веднаш по објавениот список.
OhridNews