Министерството за образование денес објави конкурс за прием на студенти во државните студентски домови.
Во охридскиот студентски дом „ Никола Карев“ има слободно 231 легло. 46 се наменети за студенти во прва година, а 185 за студенти од втора, трета, четврта, петта, шеста година и апсолвенти.
Студентите кои се пријавуваат на Конкурсот треба да пополнат електронска пријава поставена на интернет порталот www.smestuvanje.mon.gov.mk Студентите може да конкурираат за прием само за еден студентски дом. Студентите кои електронски се пријавиле повеќе пати, за валидна ќе се смета последната пријава, пред доставувањето на потребните документи.
Рокот за електронското пријавување на студентите од втора година и повисоките години почнува од 16.07.2014 година и трае до 10.08.2014 година. Рокот за електронското пријавување на студентите од прва година почнува од 19.08.2014 година и трае до 24.08.2014 година. Од министерството за образование информираат дека доколку по објавување на конечните списоци со примени студенти по домови, останат непополнети сместувачките капацитети во одреден дом, електронското пријавување ќе продолжи се до пополнување на истите, но најдоцна до 22.09.2014 година.
OhridNews