Според објавениот конкурс од министерството за образование, за прием на студенти во државите студентски домови за 2017/2018 година, во охридскиот „Никола Карев“ слободно е 231 легло. Бројот на легла наменети за студенти во прва година се 46, додека пак бројот на легла за студенти од втора, трета, четврта, петта и шеста година е 185.

Студентите кои се пријавуваат на Конкурсот треба да пополнат електронска пријава поставена на интернет порталот www.konkursi.mon.gov.mk. Студентите може да конкурираат за прием само за еден студентски дом.

Рокот за електронското пријавување на студентите од втора година и повисоките години почнува од 17.07.2017 година и трае до 12.08.2017 година. Рокот за електронското пријавување на студентите од прва година почнува од 20.08.2017 година и трае до 28.08.2017 година. По објавување на конечните списоци со примени студенти по домови, доколку останат непополнети сместувачките капацитети во одреден дом, електронското пријавување ќе продолжи се до пополнување на истите, но најдоцна до 29.09.2017 година.

OhridNews