Министерството за образование и наука ги објави прелиминарните резултати од Конкурсот за прием на ученици во јавните ученички домови во Република Македонија за учебната 2017/2018 година.

Во охридскиот студентски дом „Никола Карев“ примени се 94 студенти. Како што претходно информираа од министерството за образование, во „Никола Карев“, за 2017/2018 година се издава 231 легло, 46 се наменети за студенти во прва година, а 185 легла за студенти од втора, трета, четврта, петта и шеста година.

Од МОН велат дека сите ученици кои се пријавиле на конкурсот за јавните ученички домови се примени, освен во случаите кога не е доставена комплетната документација. По објавување на списоците со рангирани ученици по домови, учениците имаат право на приговор во рок од 3 дена кој се поднесува во Министерството за образование и наука до Комисијата за ученички домови за средни училишта. По завршувањето на рокот за поднесување приговори на 27.07.2017 година, Министерството за образование и наука ќе ја објави конечната листа на примени ученици во јавните ученички домови.

Доколку останат непополнети сместувачките капацитети во одреден дом, електронското пријавување ќе биде активно од 28.07 до 04.08.2017 година или се додека има слободни места, за што Министерството за образование и наука континуирано на својата веб страница ќе објавува списоци за примени ученици по домови.

Учениците кои ќе поднесенат електронска апликација, комплетната документација треба да ја достават од 7.08 до 11.08.2017 година во Министерство за образование и наука.

OhridNews