Министерството за образование и наука информира дека се објавени конечните резултати од вториот приемен рок од Конкурсот за прием на ученици во јавните ученички домови во Република Македонија за учебната 2017/2018 година. Во охридскиот ученички дом „Ванчо Питошески“ примени се 102 ученици, од кои седум во вториот уписен рок.
Од министерството потенцираат дека доколку слободните капацитети во јавните ученички домови не се пополнети и заради економска оправданост, конкурсот останува отворен за пополнување на слободните места со студенти во согласност со Правилникот за начинот и постапката за прием на студентите во државните студентски домови.
Вселувањето на примените ученици започнува од 31 август 2017 година.
OhridNews












