Православните христијани денеска според јулијанскиот календар ја слават Нова година – Василица. Традиционално овој празник се одбележува со бдеење и топла ракија, греано вино и веселба крај василичарските маалски огнови ноќта на 13. спроти 14. јануари. Во Охрид според најавите василичарски огнови ќе горат во Горна Влашка Маала, Видобишта-кај „Стобекс“ на ул. „Ристо Чадо“ како и „Крале Марко“, „Сирма Војвода“ – кај општата Болница и на други места.
Традиционално највесело и најмасовно се очекува да биде во населбата „Железничка“ која каде доаѓањето на Новата Православна Година на полноќ ќе биде означено со голем огномет. Новогодишната василичарска веселба во „Железничка“ започнува со палењето на василичарскиот оган уште во 17,30 часот и прошетка на василичарите предводени од „зетот“ и „невестата“ по домовите во населбата. Пред 21 часот василичарите се враќаат крај василичарскиот оган кога и почнува целовечерната забава во која се делат и награди за најдобрите маски.
Локалната самоуправа и годинава обезбеди дрва за огновите, како и тезги за послужување, a градоначалникот Александар Петрески најави дека ќе ги посети маалските веселби.
Денеска ќе преовладува променливо облачно време, претпладне ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините на северозапад врнежи од снег Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен праве...
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана Посочуваат дека во правно лице во Скопје пронајдени ...
Претставата „Генијална идеја“ на Народен театар Охрид по текст на повеќе автори, а во драматургија и режија на Ненад Витанов, ќе биде одиграна во петок 13022026 година со почеток во 20 часот Во ова...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.