
Гимназијата односно ОСУ „Св.Климент Охридски“, според конкурсите, ќе може да упише вкупно 442 завршени полуматуранти во 13 паралелки. Од нив, 272 ученици во 8 паралелки за гимназиското оразование, 136 ученици во 4 паралелки за економска струка и 34 ученици во 1 паралелка за здравствена струка.
Електромашинскиот училишен центар „Св. Наум Охридски“ има маста за 364 новозопишани ученици во 11 паралелки. Најголем број, 160 ученици или 5 паралелки се за електо-струката, 4 паралелки со 136 ученици се за машинската струка и по една паралелка односно по 34 ученици во струките за сообраќај и лични услуги.
Вкупно 238 завршени осмоодделенци во 7 паралелки можат да го продолжат своето средношколско образование на средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“. Од нив, 102 ученика или 3 паралелки се за насоката готвачи, а по 68 ученици односно по 2 паралелки за насоките хотелско-угостителски техничар и келнери.
Учебната 2008/09 година во охридските основни училишта ја завршија вкупно 744 осмоодделенци. За нив, согласно законската регулатива, средното образование е задолжително.











