Во наредните два дена ќе се врши упис на основците во средните училишта. Во јунскиот уписен рок, планирано е да има две пријавувања за запишување.  Првото пријавување ќе се врши на 14 и 15 јуни, а второто пријавување ќе биде  на 27 и 28 јуни . Во рамки на августовскиот уписен рок, слободните места ќе може да се пополнат  на 16 август . Училиштата кои во двата уписни рока не ги пополниле утврдените ученички места за запишување, согласно распишаниот конкурс на министерството за образование, продолжуваат со запишување на учениците до 31 август .
Во охридските средни училишта, за упис во прва година за учебната 2012/2013  има вкупно 1.146 слободни места.

Според конкурсот за упис на надлежното министерство, во ОСУ „Св. Климент Охридски“, во прва година ќе може да се запишат 442 завршени осмооделенци во 13 паралелки и тоа: во гимназиско образование 272 ученици, економско- правна и трговска струка 136, и здравствена струка 34 ученици.

Во ЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ слободни места има за вкупно 398 ученици, во 12 парарелки, од кои 330 ученици на македонски и 68 ученици на албански наставен јазик.

 Во угостителско- туристичкото средно училиште „Ванчо Питошески“, ќе може да се запишат 306 ученици, распоредени во 9 паралелки, од кои 272  ученици во угостителско- туристичка струка и 34 во прехранбена струка.

OhridNews