Трендот на намалување на бројот на деца во воспитно образовните установи за претшколска и школска возрст во Охрид продолжува и натаму. И оваа година градскиот совет ќе носи одлуки за запишување деца во градинките и училиштата со помал број од законски пропишаниот. Тие ќе се најдат на дневен ред на 15 седница на советот, закажана за 23 август во 11 часот.

Покрај овие точки на седницата ќе се расправа и за програмите за реализација на училишни екскурзии, но и за долговите на образовните установи по основ на судски извршни решенија.

Пред советниците ќе се најде и извештајот за состојбата во областа на јавната безбедност, како и извештаите за реализираните програми на јавните претпријатија, одлуките за поставување подземни и прес контејнери, како и повеќе одлуки од урбанистичката сфера.

OhridNews