Фотографии со различни мотиви од Охрид и охридско, беа претставени на изложбата, што се одржа вчера во националната установа „Охридско лето“, по повод големиот празник Св. Климент Охридски, Патронот на Охрид.
На изложбата, на која учествуваа членовите на Фото клубот “Охрид” беа изложени 50-тина дела во црно-бела и колор техника, кои биле фотографирани минатата година.
Со подржување на оваа изложба, фестивалот „Охридско лето“ и дава една нова димензија на фотографската уметност во Охрид, а самиот фестивал се вклучува во модерните токови на развојот на светската култура и уметност.