
-Во последните три години, во охридско, не е забалежано заболувања од бактериолошки- хемиски неисправна вода за пиење пред се жолтицата, истакнува д-р Јованка Стурлкова – Коровешоска, специјалист по епидемологоија при Центарот за јавно здравје – Охрид.
Населението се снабдува со исправна вода за пиење. Нема никаква опасност од ширење на било каква епидемија со употреба на водата како во Охрид, така и во селата“ – додава Струлкова – Кровешовска.
Од центарот напоменуваат дека во овој период посебно треба да се води грижа за исправноста на прехранбените продукти.
Поради ова зголемена е и санитарната контрола на храната. Се делува превентивно, како би се избегнале несакани последици.
Според Струлкова – Коровешовска најризични групи се најмладите, и затоа најголемо внимание треба да се посвети на нивната лична и колективна хигиена.












