Во Охридско – струшкиот регион ќе никнат приватни здравствени установи
01.09.12 00:29
Во охридско – струшкиот регион каде има преку 40 невработени лекари ќе се доделат десет концесии и можност за 20 нови вработувања со отворање на приватни здравствени установи на примарно ниво.
Министерството за здравство е силно фокусирано на зајакнување на примарната здравствена заштита која е прво скалило и основа на здравствениот систем во секоја држава.
Огласот е доставен до Службен весник, и ќе трае 20 дена. Во него, се објавени условите под кои сите заинтересирани можат да аплицираат за доделување на овој тип концесии.
– Министерството за здравство ќе организира јавно надавање со почетна цена од 800 денари и минимално надавање од 100 денари. Тоа е еднократен износ на јавното надавање и по неговото завршување, кој ќе постигне највисока цена со тој ќе се склучи договор. Ова е во ситуација ако има поголем број заитересирани. По завршување на процедурата Министерството склучува договори со ПЗУ кои ќе бидат избрани, информираше Тодоров.
Потоа, потенцираше Тодоров, врз основа на тој договор за концесија, односно за влез во мрежата, Фондот склучува договор за финансирање на овие здравствени установи.
Избрани најдобрите творби на конкурсот „Ветерот и капките дожд танцуваат, кралицата есен ја прославуваат“ кој го распиша Општина Охрид Oвој еко проект е во соработка со основните училишта на терито...
Поради настанат дефект на електродистрибутивната мрежа, од 10:00 часот во прекин со работа се пумпните станици во селата Трпејца и Љубаништа, информираат од ЈП Водовод Охрид Се додека не заврши отс...
Водостојот на Охридско Езеро четири дена по ред е на нулта кота, покажуваат неделните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи И денес нивото на езерото е на кота 69317 метри надморска височ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.