Голем број граѓани на Охрид се приклучија во денешната акцијата за пошумување „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“. Во охридско пошумувањето се спроведуваше на локацијата „Мазатар“, во атарот на селото Подмоље, каде на околу 15 хектари површина беа засадени околу 30.000 садници на чемпрес, даб, ела и дуглазија.

Во акцијата учествиваше министерот за финансии, Трајко Славевски кој истакна дека локалитетот „Мазатар“ посебно му се допаѓа затоа што ќе придонесе за заштитата на екосистемот што го опфаќа Охридското Езеро.

На засадувањето дрвца учествуваа и претставници од Асоцијацијата на екологистите.

Акција за пошумување денеска требаше да има и на локалитетот „Буково“ каде е предвидено на површина од 170 хектари да се засадат околу 340 илјади садници. Но поради снег и неповолни услови акцијата во овој реон беше одложена.

Во денешната акција која се одвива под мотото „Ние два милиони, станавме светски зелен бренд – излези засади и инспирирај ги останатите шест милјарди“, во 30 општини во Македонија е предвидено да бидат засадени пет милиони нови садници.

Ohridnews