Променливо облачно време со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и ќе бидат проследени со ретки грмежи, ќе преовладува денеска во Македонија. Побилни ќе бидат во крајните западни и североисточни делови. Ќе дува умерен повремено силен јужен ветер, кој на места ќе достигнува брзина до околу 70 км/ч.-информираат од УХМР Македонија.

Значителен пад на температурата ќе има и во охридскиот регион. Дождот и ветрот кои се очекуваат ќе донесат максимална температура до 17 степени. 

OhridNews