Во текот на месец октомври, локалната самоуправа ќе започне со асфалтирање на пешачките патеки, поставување на клупи и осветлување на новиот парк кој се наоѓа на пешачката патека која води до некогашниот хотел Парк.

–    Основната цел е просторот да се уреди до крајот на годината и со тоа охриѓани да добијат уште еден  дел од крајбрежјето каде ќе може да се рекреираат и го минуваат своето слободно време, велат од локалната самоуправа.

Просторот веќе е расчистен од страна на екипите од Паркови и зеленило, а беа посадени и неколку садници од ниски грмушести дрвја.

– Во делот на партерното уредување ЈП Комуналец ја заврши обврската, се чека на поставување на останатите реквизите и предмети од страна на локалната самоуправа по што ние хортикултурно ќе го уредиме зелениот дел од просторот, вели директорот на ЈП Комуналец, Сашо Алчев.

Предвидено е да бидат поставени и статички велосипеди, детско игралиште, канделабри.

Иницијатор за уредување на новиот парк е локалната самоуправа. Просторот зафаќа површина од околу 10.000 метри квадратни.

OhridNews