
Од концесионерот, “Пастрмка 2012“ информираат дека рекреативните риболовци ќе имаат можност да рибарат на 7, 11 и 14 oктомври.
Сите заинтересирани дозволите можат да ги подигнат во канцеларијата на “Пастрмка 2012“, на улица Кеј Маршал Тито, во старата барака на Гранит, секој ден од 8 до 14 часот. Од таму информираат дека интересот за овој вид рекреациија е се поголем, со што се враќа една убава традиција во водите на Охридското Езеро.












