Во црвеното возило „Опел омега“  кое македонската полиција го пронајде по масакрот кај Смилковоско Езеро, пронајдена е ДНК која одговара на еден од обвинетите во случајот „Монструм“, Алил Демири.

Во текот на вчерашниот ден, Судскиот совет на Основниот суд Скопје 1 ги презентрира доказите со кои шестмината обвинети се товарат за кривично дел тероризам и помагање во тероризам. Меѓу доказите се траги од земја пронајдени на возилото, отпечатоци на предмети запленети во домовите, како и отпушоци пронајдени на местото на убиството.

Немилиот настан се случи на 12-ти април минатата година, кога на свиреп начин беа застрелани четворица тинејџери и 45-годишниот Борче Стефковски од скопското село Црешево. Освен споменатиот Демири, за тероризам и за помагање во тероризам се товарат Африм и Агим Исмаиловиќ, како и Фејзи Азири, Рами Сејди, Хаки Азири.

OhridNews