По повод 2 февруари – Светскиот ден на водните живеалишта, „Екотуризам 2016“ Охрид како организатор и Општина Дебрца како домаќин, заеднички ќе го одбележат настанот „Кон подобро управување со Охридското Езеро, Студенчишкото Блато и Белчишкото Блато“.

Во агендата за овој еколошки важен датум се предвидени презентации за студиите за валоризација на овие важни екосистеми, прикажување на едукативно-документарен филм „Белчишко Блато – синиот бисер од Дебрца“, како и јавна дискусија и дегустација на традиционални специјалитети, информираат од Општина Дебрца.

Во сооштението додаваат дека во одбележувањето ќе се придружат Министерството за животна средина и просторно планирање, Општина Охрид и Хидробиолошкиот Институт од Охрид.

Настанот ќе се одржи во просториите на идниот музеј на Белчишко Блато во село Белчишта.

OhridNews