Утре во просториите на општина Дебарца со почеток во 11 часот, ќе се одржи јавна расправа за Студијата за ОВЖС на проектот ,,Изградба на интерконективен надземен вод 400KV ТС Битола 2 –македонско-албанска граница и ТС 400/110 KV Охрид“.
Сите заинтересирани граѓани од општина Дебарца може да присуствуваат на јавната расправа, односно жителите од селото Волино каде ќе минува коридорот на далекуводот.
Јавната расправа е организирана од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање и МЕПСО заедно со консултантот кои ќе ги презентираат оправданоста на проектот и Студијата за ОВЖС.
Инаку, инвеститорот АД Македонски електропреносен систем оператор- АД МЕПСО –Скопје ја достави Студијата за оцена на влијанието врз животната средина за овој проект и истата е достапна за увид
OhridNews