Денес во просториите на општина Дебрца се одржа оснивачко собрание на пензионерите од општина Дебрца, на кое се донесе одлука за формирање на Здружение на пензионери со седиште во село Мешеишта.

За претседател на здружението е избран Сисоја Иваноски од село Горенци. Собранието донесе статут на здружението, како и програма за работа, а беше избран и извршен одбор од пет члена и надзорен одбор со тројца членови со мандат од 4 години.

OhridNews