Гласањето во општина Охрид помина без било какви проблеми или нерегуларности, информира претседателот на Општинската изборна комисија, Димитрија Вревезоски.

– До утрово до ОИК не пристигна ниту еден приговор. Вчерашниот изборен процес во општина Охрид помина во најдобар ред, вели Вревезоски.

Во врска со вчера воочената неправилност на избирачко место во Лескоец, кога беше утврдено дека недостига едно гласачко ливче, Вревезоски информира дека случајот бил решен. При броењето ливчето било откинато од кочанот заедно со серискиот број. Откако го нашле било внесено во дневник.

OhridNews