Утре во големата сала при општина Охрид, Лекарската комора на Македонија и Здружението на граѓани “Мактрансплант” ќе оддржат прес-конференција на тема „Дари орган, подари живот“, на која ќе бидат презентирани активности кои се спроведуваат со цел подигнување на свеста кај населението за дарување на органи како највисок хуман чин.
На прес-конференцијата ќе говорат лекари од Клиниката за нефрологија, пациенти, како и преставник на „Мактрансплант“.
Пред настанот, ќе се оддржи предвање за матичните и за лекарите од Општата болница во Охрид.
OhridNews