Во општинската зграда, денес, од страна на градоначалникот Никола Бакрачески, свечено  беше пуштена во употреба Инфо точката наменета за лицата со посебни потреби .

Преку отворена телефонска линија и лице задолжено да им излезе во пресрет, оваа група граѓани во иднина ќе можат непречено да ги задоволат своите барања во локалната самоуправа.

–    Денес со посебно задоволство сакам да ја промовирам инфо точката за лица со посебни потреби која е резултат на разговорите со Здруженијата на лица со посебни потреби, што значи сето ова е резултат од заедничката координација и потребата за подобар сервис на лицата од страна на администрацијата на општина Охрид – истакна градоначалникот Бакрачески.

Штом влезат во општинската зграда, лицата ќе можат да пристапат до Инфо точката, да повикаат на локал 100 и веднаш до нив ќе биде пратено лице кое ќе им помогне и ги спроведе сите сервисни услуги кои им се потребни .

OhridNews