Во просториите на општинскиот Црвен крст во петок, 28-ми март, од 19 часот ќе се одржи предавање на тема Работа со деца со посебни потреби со акцент на нивното вклучување во образовниот процес, идентификување на нивното основно познавање на одредени вештини и потребите кои ги имаат овие деца.

Предавач ќе биде Сара МекФитерс, волонтер на Мировниот корпус од САД во Македонија, моментално на волонтерска работа во училиште во Велес, која има тригодишно работно искуство со деца со посебни потреби во Бугарија.

Предавањето е од отворен тип и добредојдени се сите кои живеат или работат со вакви деца и кои сакаат да слушнат и поинакви искуства за однесувањето, поддршката која им е потребна и различните техники за учење и понатамошен развој на вештините кои ги поседуваат.

OhridNews