Во отсуство на опозицијата, едногласна работата на Советот
29.12.09 17:11
На денешната седница на Советот, поради отсуството на советниците од ВМРО ДПМНЕ, без позначајни расправи, едногласно беа усвоени речиси сите точки на дневниот ред. Покрај буџетот за 2010 година, како една од најважните точки, советниците ги изгласаа сите Развојни програми на Општина Охрид за наредната година,како и Предлог програмите за работа на МЈП “Проаква”, ЈП “Охридски Комуналец” и ЈП “Билјанини извори”.
Дневниот ред на седницата, во кој според најавата беа, предвидени 49 точки , беше скусен за вкупно 16 точки. По барање на градоначалникот, беа повлечени 15 точки од областа на урбанизмот, а по барање на Пратеничката група на ВМРО Народна партија, беше повлечена 49 –тата точка, според која требаше да се разгледа разрешувањето на членовите од Комисијата за обележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија. Покрај повлечените точки, по барање на градоначалникот дневниот ред беше надополнет со една точка, за усвојување на Локална урбанистичка документација.
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана Посочуваат дека во правно лице во Скопје пронајдени ...
Претставата „Генијална идеја“ на Народен театар Охрид по текст на повеќе автори, а во драматургија и режија на Ненад Витанов, ќе биде одиграна во петок 13022026 година со почеток во 20 часот Во ова...
Како дополнување на заложбите на Општина Охрид за воспоставување на систем за одржливо управување со отпад започнува примарна селекција во Хорека индустријата (хотели, ресторани, кафулиња) во Охрид...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.