Вработените и учениците  во основното училиште „Григор Прличев“, во среда со почеток во 16.30 часот ќе одржат хуманитарен настан за помош на 15-годишната Сара Настеска на која и се потребни пари за лекување.

Истовремено ќе се одржат две продажни хуманитарни акции- Наставниците за Сара и Школските другари за Сара! Станува збор за продажни акции на кои наставниците ќе ги продаваат своите подготвени производи, а учениците своите омилени предмети. Во рамки на настанот ќе има и музички дел во кој ќе настапат хорот и оркестарот при училиштето.

ОУ „ Григор Прличев“ е училиштето во кое  15-годишната Сара Настеска го стекна своето основно образование и училиште во кое учи нејзиниот брат. Се покануваат сите граѓани на Охрид да земат учество на продажната акција со свои креативни дела, со цел да се покаже дека хуманоста и другарството немаат граници, велат организаторите.

Во училишната сала на ОУ „Григор Прличев“, во недела  со почеток во 19 часот ќе се организира и хуманитарен маскенбал по повод „Halloween“ за учениците од осмо и деветто одделение и за средношколци од прва и втора година. Влезот е 100 денари и собраните средства ќе бидат наменети за лекувањето на Сара.

OhridNews