Од денеска наставата во охридското основно училиште „Св. Климент Охридски“ќе се одвива само во една смена, односно само наутро.
Од училиштто сметаат дека на тој начин ќе се подобри наставниот процес и ќе се заштеди на потрошувачката на електрична енергија и греењето во претстојниот зимски период.
ОУ „Св. Климент Охридски“ е прво училиште во Охрид и меѓу првите во Македонија во урбаните средини кое воведува едносменско работење.












