Од основното училиште „Св.Климент Охридски“ информираат дека викендов продолжиле активностите за подобрување на условите за изведување настава во училиштето.

Согласно годишната програма за работа, извршено е поставување на ламинатен под во уште една училница, а во наредниот период се очекува ламинатен под  да биде поставен во уште една просторија, од вкупно четирите кои се наоѓаат на северната страна од објектот.

Од „Св.Климент Охридски“ најавуваат дека во текот на годината ќе бидат реновирани и тоалетите, а во тек е и поставување на лед рефлектори во спортската сала со што се очекува поголема заштеда на електрична енергија.