Десетици светски лидери присуствуваа на церемонијата во Париз за одбележувањето на стогодишнината од крајот на Првата светска војна. На 11 ноември беше прекинат четиригодишниот конфликт во кој загинаа најмалку 10 милиони војници и милиони цивили.

Францускиот претседател Емануел Макрон и околу 70 шефови на држави и влади, вклучително американскиот претседател Доналд Трамп, рускиот претседател Владимир Путин и германската канцеларка Ангела Меркел, застанаа пред Триумфалната капија на дождливото време, каде што е погребан непознат загинат војник во војната. На церемонијата присуствува и македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов.

Додека конвојот на Трамп се движеше кон Триумфалната капија, демонстрант тргна кон неговата поворка пред да биде уапсена од страна на полицијата.

Фотографиите од инцидентот покажуваат дека таа на нејзиното тело ги имала напишано зборовите „лажен миротворец.“