Катчето со јапонски цреши кое од страна на екипи од ЈП „Охридски комуналец“ беше уредено во градскиот парк пред угостителското училиште, посветено во чест на прераното починатата музичка ѕвезда-Тоше Проески, деновиве е обновено со засадување на уште 7 садници.

Од првично засадените 26 дрвца според годините на Тоше, претходно седум садници беа украдени, а дел уништени од несовесни поединци.

OhridNews