Екипите на „Паркови и зеленило“, деновиве на повеќе локации низ градот започнаа со засадување на хризантема.

Првите цветни катчиња никнаа кај паркот во близина на каналот Студенчишта, како и во паркот кај сообраќајната клучка од магистралниот пат Скопје-Охрид.

Есенскиот расад се произведува во сопствениот расадник и застапени се хризантеми со различна големина и широк колоритен спектар. Предвидено е засадување во градскиот парк, парковите кај кружните сообраќајници и други позначајни локации.“ – информираат од ЈП „Охридски комуналец“.

Оттаму велат дека во  месец декември е предвидено засадување на цветен расад од видот виола (очиња).

OhridNews