Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Охрид и општинскиот совет за превенција на детско престапништво при општина Охрид, во петок, 23 мај, во 12.30 часот, организираат дебата „Црвен картон за врсничкото насилство“.

Предавач на тема „ЕМПАТИПЛУС-СР нов модел за превенција на врсничкото насилство“, ќе биде академикот Љупчо Кеверески, а учесници ќе бидат полициски службеници од Отсекот за превенција и инспектори за малолетничка деликвенција при СВР Охрид и ОВР Струга, од општинскиот совет за превенција на детско престапништво, од секторите за образование од општините Охрид и Струга, наставници, педагози и психолози од образовните центри во Охрид и Струга, од основниот суд, адвокати за малолетници, од Центрите за социјални работи од Охрид и Струга, претставници од локалните младински совети, од Црвениот крст и други.

Дебатата „Црвен картон за врсничкото насилство“ ќе се одржи во големата сала на општина Охрид.

OhridNews