Во организација на општинската организација на СБ од НОАВМ 1941-1945 и грѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца и локалната самоуправа на општина Охрид, на 21 Септември, петок, во Охрид, ќе се одржи традиционалниот Марш на Мирот под мотото  “Правото на мир – 70 години од Универзалната декларација за човекови права”.

Маршот ќе се одвива по  Кеј Македонија до крајната дестинација-градскиот плоштад. Предвидено е пред присутните да се прочита пораката на Генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш, а ќе има и обраќања од страна на претставници од локалната самоуправа и СБ од Охрид И Дебрца.

OhridNews