Во петок, 20-ти декември, со почеток во 20 часот, охридската публика има можост да ја проследи новата претстава од охридскиот Народен театар „Хотел ни на небо, ни на земја“ од Емануел Шмит, во режија на Љупчо Ѓоргиевски.

Во претставата играат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Ивица Цонев, Ирена Илиевска, Елизабета Стефановска, Стефан Николич, Мила Коруновска.

Картите се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев”, по цена од 200 денари. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066