Кај градското пристаниште, започнаа подготвителните работи, за поставување камен темелник на новото спомен обележје посветено на големиот христијански празник  Богојавление-Водици.

На средбата на донаторот на споменикот, Кумот на Водици Охрид-2012, проф. д-р Ванчо Чифлиганец и главниот градежен инженер Стефан Орачески со претставници на општина Охрид и здружението Богојавление, договорено е во петок, на 31-ви јануари, на верскиот празник Свети Атанасиј, во 12 часот, камен темелникот да биде поставен со свечен чин на осветување од стана на свештеници на МПЦ.

На чинот на осветувањето ќе присуствуваат сегашниот кум на Водици, охридскиот градоначалник д-р Никола Бакрачески и донаторот, проф. д-р Ванчо Чифлиганец, генерален директор на Адора Инженеринг.

Идејното решение на споменикот за Водици 

Споменикот за Водици, кој ќе биде во духот на традициите на најмасовата прослава на Богојавление во овој дел на православието, е дар за граѓаните, туристите, Охрид  и Македонија како ново автентично и атрактивно обележје во центарот на Балкансиот Ерусалим.