На репертоарот на охридскиот Народен театар, во петок, 21-ви јуни, со почеток во 20 часот, ќе биде изведена претставата „Аналфабет“-комедија работена псоред текстот на Бранислав Нушиќ, а во режија на Ѓорѓи Ризески.

Во претставата играат: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски и Адријана Билаловиќ Тодороска. Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев.

Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев”. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066

*Претставата не е за лица помлади од 14 години и во истата се користат пиротехнички средства.

OhridNews