Од Центарот за култура Григор Прличев ја најавуваат премиерната изведба на Балетска претстава за деца “ПАЛЕШКА”, работена  според истоимената детска бајка на Ханс Кристијан Андерсен.

Во балетската претставата учествуваат членовите од Балетското студио “Визави”, кое веќе четири години функционира во рамки на охридскиот Центар за култура, раководени од кореографот Јулија Милевски.

– Ова е интересна можност за најмладата охридска публика да види како членовите на студиото “Визави”, преку  балетска игра ќе ни ја доловат познатата приказна, вели директорката на Центарот за култура, Драгана Боцевска. 

Премиерата на претставата која трае 45 минути, ќе биде изведена на 18 ноември,  со почеток  во 18 часот. Цена на билетот е 100 денари.

Проектот е подржан од министерството за култура.

OhridNews