Центар за култура „Григор Прличев“

Од 08.11.2019 - 20:00 до 08.11.2019 - 21:30

Во петок, 8-ми ноември, со почеток во 20 часот, на репертоарот на охридскиот Народен театар е претставата „Балканска 3а/2 од Дејан Дуковски во режија на Ана Батева.

Во претставата играат: Стрезо Стаматовски, Елизабета Стефановска, Филип Кипровски и Никола Тодоровски.

Балканска 3а/2“ е црна комедија во која недостатокот на човечност во човекот е нормална појава, а човековата отуѓеност од современиот свет е секојдневие. „Балканска 3а/2“ е трилер кој има за цел да ни покаже антиопштествени форми на однесување, кои освен што го изветоперуваат социјалното функционирање на едно општество, го загрозуваат и неговото постоење; „Балканска 3а/2“ е слика на апсурдот на нашето време, а оттаму и комичен приказ на денешното живеење.

Картите за претставата по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066

OhridNews