Во петок, 30- ти ноември, Народниот театар Охрид ќе ја изведе претставата “ПОЛИЦАЈЦИ” –  во режија и адаптација на Андреј Цветановски.


Во претставата играат: Шеф на Полиција – Никола Тодороски, Наредникот – Валентин Костадиновски, Затвореникот – Стрезо Стаматовски, Генералот – Ивица Цонев, Жената на наредникот – Адријана Билаловиќ, Регентот – Горан Стојаноски, Полицајци – Никола Ристески, Игор Георгиоски, Владимир Ристески, Катерина Петреска.

Почеток на претставата е во  20.00 часот, цената на билетот е 100 денари. Картите можат да се набават во билетарата на Центарот за култура секој ден по 15.00 часот.

OhridNews