На дневен ред на осумнаесеттата седница на Советот на Општина Охрид што ќе се одржи во петок со почеток во 12 часот единствена точка на дневен ред се советнички прашања.

Претходно, истиот ден од 9 часот ќе се одржи и  седумнаесетата седница на Совет со 27 точки на дневен ред меѓу нив  Предлог-заклучок за усвојување на Информацијата за материјалното и финансиското работење на ЈП„Водовод“ Охрид со осврт на трошоците за електрична енергија за период 2020 – 2022 година, Иницијатива за изработка на физибилити студија за производство и продажба на електрична енергија, Предлог-програма за измени и дополнувања на годишната програма на Општина Охрид за здравствена и социјална заштита за 2022 година (Т1), Предлог-програма за измени и дополнувања на развојна програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на основното образование 2022-2024 година (НА), Предлог-одлука за проширување на средствата на буџетот на Општина Охрид за 2022 година, Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата на буџетот на општина Охрид за 2022 година, Предлог-одлука за субвенционирање на трошоци за потрошена електрична енергија на ЈП„Водовод“ Охрид, Предлог-одлука за давање согласност на правилникот за субвенционирање (начинот и видот) на туристичката такса на вршителите на угостителска дејност, Предлог – Одлука за отстапување простор на времено користење, Предлог-одлука за давање согласност на годишен план за вработување на ЈП Градски Пазар Охрид за 2023 година, Предлог-одлука за давање согласност на одлуката за утврдување вредност на бодот за пресметување плати на вработените во ЈП Градски Пазар, како и точки кои се однесуваат на урбанистичко-плански документации.

OhridNews