Во петок со почеток во 11 часот ќе се одржи 46- та седница на Советот на Општина Охрид.

Предлог  одлуката за проширување на средствата  во Буџетот на општина Охрид, извештајот  за  реализација на Програмата за изградба на  сообраќајна сигнализација, предлог одлуката за отстапување на користење на паркинг простори  од општина  Охрид на ЈП „Билјанини Извори“ Охрид, за субвенционирање  за плаќање на специјални садови за отпад за корисниците на  комуналната услуга и формирање  одбор за подигање на спомен обележје  за  одбележување на Богојавление Водици, се само дел од вкупно 24- те точки кои ќе се најдат на дневен ред на седницата.

Ohridnews