Во петок, 15-ти септември, на “керал” сцената на охридскиот Народен театар, стартува првата „Импровокација“ од третата сезона. Билети за најпопуларното шоу „Импровокација”, со актерите Стрезо Стаматовски, Филип Кипровски и Никола Тодороски, потпомогнати од Филип Ангеличин – Жура, можат да се набават во музичката продавница Зизи Топ или да се изврши резервација на 075/283-066. Цената во претпродажба е 150 денари, а на денот на изведба 200 денари.

Новата „ИМПРОВОКАЦИЈА“ носи нови игри и многу забава. Ваквата форма на театар за прв пат се воведува во нашата земја па дури и во регионот. Целта на „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е преку еден неформален и забавен начин да ја демистифицира магијата на создавање театарски игри (сцени) за да го доближи театарот што повеќе до пошироката публика.

Театарската импровизација „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е спонтана, забавна и смешна, но како сите други работи треба да се види и доживее за да се ужива во неа.