Во петок, 27 јуни, ќе се одржи детскиот фестивал „Поточиња“ во рамки на програмата „Културата расте со децата“ која ја организира Општина Охрид.

Вистинска музичка бајка за најмладите! Ве покануваме сите – мали и големи – да уживаме заедно во песна, игра и насмевки под отворено небо!, велат организаторите.

Фестивалот ќе се одржи со почеток во 19:30 часот на сцената „Долни Сарај“.

OhridNews