Општина Охрид и оваа година се вклучува во одбележувањето на Европската недела на мобилност која се одржува под мотото „Чиста, споделена и паметна мобилност“. Настаните во европските градови се организираат под мотото „Споделувањето се движи напред“. Секторот за заштита на животната средина и управување со отпад при општина Охрид , во рамките на одбележувањето на Европската недела на мобилност, 22 септември (петок) го прогласи за Ден без автомобили. Општина Охрид која во изминатите неколку години е дел од мрежата на европските градови кои ја одбележуваат Европската недела на мобилност , активностите ќе ги започне во 11.00 часот со собирање на учесниците пред пред општинската зграда, каде ќе има обраќање претставник од општина Охрид.
За таа цел во соработка со СВР –Охрид и Советот за безбедност во сообраќајот, за организирање на велосипедското дефиле, за сообраќај ќе бидат затворени неколку фреквентни сообраќајници на кои ќе можат да се движат само велосипедисти и пешаци.
Во перидот од 11 до 13 часот за сообраќај ќе бидат затворени улиците „Димитар Влахов“, „Кузман Јосифовски“ од пресекот со „Димитар Влахов“ до пресекот со „Партизанска“, „Партизанска“ од пресекот со „Кузман Јосифоски“ до пресекот со „Јане Сандански“ и дел од „Јане Сандански“ од пресекот со „Димитар Влахов“ до општинската зграда.
Општина Охрид ги повикува граѓаните масовно да се вклучат во оваа акција и барем еден ден во годината на работа да дојдат без автомобили.
OhridNews











