Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлука на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општината како општа против епидемиолошка мерка, од ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид информираат дека на 15- ти август, петок, нивни екипи ќе спроведат теристичка (од земја) дезинсекција против комарци . Запрашувањето ќе се врши од 21 до 06 часот, со апарат за УЛВ ладно запрашување поставен на пикап- возило, со претходница од друго возило.
Со дезинсекцијата ќе биде опфатено охридското крајбрежје на потегот од село Подмоље до комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, потег на река Грашница и Коселска Река.
Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги преземат соодветните мерки за заштита на пчелите. Третирањето ќе се изведе со препаратот АЉУА К – КОТРИНЕ со активна супстанца ДЕЛТАМЕТРИН. Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.
За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центар за јавно здравје Охрид е 231 881 или 230 231.
OhridNews