Во полициска акција- продолжение на  „Диригент“, денес  уапсени се десет лица за трговија со дрога, потврдуваат од МВР.

Оттаму велат дека не можат да соопштат детали за акцијата, бидејќи сé уште е во тек, а освен во скопското село Арачиново и скопската населба Сингелиќ, акцијата се спроведува и во други градови низ Македонија.

Повеќе детали за акцијата од МВР најавуваат во текот на утрешниот ден.

Во рамките на операцијата “Диригент“, што со заеднички сили македонската, германската и австриската полиција се спроведе во 2011 година, беа уапсени околу 400 лица во Германија, Австрија и  Македонија.

Оваа добро организирана група ја водат македонски граѓани кои го координираат транспортот и продажбата на дрогата во Виена и Франкфурт.