Во понеделник на 1-ви јуни 2015 година истекува рокот за пријавување на конкурсот за најубаво уреден двор и станбена површина, кој го објави Женски центар „Бисера“ по повод Денот на екологијата, 6-ти јуни.
-Конкурсот се објавува со цел да се поттикнат граѓаните да учествуваат и дадат свој придонес за почист и поубав град во пресрет на туристичката сезона, велат од „Бисера“.
Заинтересираните своето учество може да го пријават на телефонскиот број 046/264469 или од 10 до 13 часот секој работен ден во канцеларијата на ЖЦ „Бисера“.
OhridNews