Во понеделник ќе бидат отворени понудите на заинтересираните компании за закуп на македонските аеродроми. Како што соопшти Министерството за транспорт во игра се 4 странски компании.
Најповолниот понудувач ќе концесионира со аеродромите Александар Велики во Скопје и Свети Апостол Павле во Охрид и ќе треба да го изгради карго аеродромот во Штип. Во условите за закуп на охридскиот аеродром се предвидува и реновирање на терминалот, и други осовременувања на аеродромот.












