Во понеделник, 25 август од 11 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана најновата книга од писателот и поет Иван Трпоски во издание на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија.
Книгата е двојазична. Пишувана е на македонски и преведена на англиски јазик. Промотори ќе бидат м-р Милчо Јованоски, вработен во библиотеката и проф. д-р Виолета Ачкоска која е и рецензент на книгата.
„Исповед кон мајка ми Љуба“ е книга на тажни спомени и радосни мигови на успеси во животот, успеси на еден човек кој бил принуден да ја напушти Македонија, но кој духовно секогаш останал врзан со папочната врвца за својата мајка и мајковина, за на крајот, во тегла да однесе грст земја од родната градина, на другиот континент, оставајќи аманет со таа земја да биде посипан неговиот ковчег кон вечното почивалиште, пишува рецензентот Ачкоска.
Иван е роден во 1942 во селото Волино и од 1968 година живее во Сиднеј, Австралија. Трпоски, во последната своја книга на дланка ни го дава сиот свој приватен и професионален живот. Го запознаваме како син, брат, сопруг, татко, дедо, но и како поет, писател, библиотекар, општественик и ентузијаст.
OhridNews